Презентирајќи ја изборната програма, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати благодарност до сите кои учествувале во нејзината изработка, а како што истакна меѓу нив се и еминентни професори и експерти од повеќе области.
- Сакам да се заблагодарам на ангажманот на професорот Славески, на Николов, професорот Лазаров, професор Кедев, комисиите на ВМРО-ДПМНЕ, стратешки соработници сите оние кои што учествуваа во изготвување на оваа дело наречено проект за Обнова на Македонија.
Успехот е резултат на правилен избор на повеќе одлуки и подразбира многу работа, решавање на многу предизвици. Можете да ја прифатите тешката реалност, но можете и да ја промените. Вашиот глас ја носи промената, а изборот е јасно и гласно обнова, истакна Мицкоски.