Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на партиска прес конференција по завршувањето на изборите изјави дека располагаат со факти, аргументи и докази дека локалните избори се оддржале во нефер и недемократска атмосфера.
На социјалните мрежи се појави видео од нападот пред седиштето на ГРОМ за кој лидерот на СДСМ иронично го искоментира дека „животот“во Карпош веќе дошол.
Пратеничката Ивана Туфегчиќ на прес конференција објави дека СДСМ победиле во повеќе од 35 општини уште во првиот круг.
Според информации на ВМРО-ДПМНЕ победиле во првиот круг во Илинден, а во Кисела Вода, Гази Баба, Штип и Сопиште се во предност.
Според извори од Алијанса за Албанците на Зијадин Села нивните претставници се победници во во првиот круг во Струга и Гостивар, а во втор круг влегуваат во Боговиње, Врапчиште и Арачиново и најверојатно во Дебар.
„Граѓаните избраа приказни, а не работа“, рече Јакимовски.
ВМРО-ДПМНЕ оцени дека овие избори поминале со многу нерегуларности за кои од партијата направиле записници што ќе ги достават до меѓународните претставници во земјава.
Државната изборна комисија започна со објава на официјалните резултати. Еве ги резултати и процентот на обработени гласови во дел од општините во Македонија.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, прогласи победа на нивните кандидати во Кичево и во Пласница, додавајќи дека кандидатите на ДУИ се во водство и во останатите општини каде што имаат свои кандидати за градоначалници.
Низ партиските кругови во Социјалдемократскиот сојуз се шпекулира дека нивните кандидати за градоначалници водат во Велес, Охрид, Битола, Арачиново, Центар, Карпош...