На два часа пред затворањето на избирачките места во кочанскиот регион излезноста се движи околу 40 отсто
На само два часа пред затворање на избирачките места излезеноста во Кичево изнесува 28,37 отсто
Од запишаните 52.273 односно 52.193 граѓани на Охрид со право на глас, до 17 часот на гласање излегле 23.315 граѓани или во проценти 44,6 отсто, соопшти претседателот на Општинската изборна комисија, Климент Камнароски
Во земјава денеска организираме и спроведуваме изборен процес. Се тече како што треба и е во ред. Со шпекулации од дневно – политички карактер ниту сакам, ниту имам намера да се занимавам, рече претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со наводни списоци што се појавиле на руски сајтови
Излезноста во Општина Крива Паланка на првиот круг од Претседателските избори до 15 часот е 47,2 отсто, а своето избирачко право го искористиле вкупно 8.000 граѓани
Според обработените податоци во изборните комисии до 15 часот во општина Маврово – Ростуше на гласање излегле 1.572 гласачи, односно 15,9 проценти од запишаните 9.721 граѓани со право на глас
Во Штип во 15 часот одѕивот на 77 гласачки места за претседателските избори е 35,5 отсто или гласале 14.852 гласачи со право на глас
Според податоците на Државната изборна комисија, до 15:00 часот, излезноста во Куманово е 23,54 проценти, во Липково, 9,75 а во Старо Нагоричане, 28,18 проценти
Излезноста во Струга до 15 часот е речиси 20 отсто, во Вевчани 40, а во Ресен скоро 27 проценти
Во Делчево до 15 часот гласале 5530 граѓани во првиот круг на Претседателските избори, или 37,2 процента од вкупно евидентираните 14.673 лица со право на глас, покажуваат информациите од Општинската изборна комисија (ОИК)