Драма на Гинекологија: Родители тврдат дека им го изгубиле бебето (Видео)
По неколкучасовни шетања низ клиниката и расправии со медицинскиот персонал каде е новороденчето, на крај му покажале бебе на кое пишувало Василевска па прецртано и напишано Волчева. Јован, видно вознемирен, по се што слушнал денеска се сомнева дека ја видел својата ќерка.