И Ахмети ќе биде дел од лидерската средба за името во сабота
На лидерската средба, в сабота во Клубот на пратениците во Скопје, на која претседателите на најголемите политички партии ќе разговараат за рамката за решението на спорот со името, кој нашата држава го има со Грција, ќе учествува и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, потврди за „Мета“ Артан Груби.