Протест пред Владата против аерозагадувањето
Иако аерозагадувањето е проблем кој ги мачи сите скопјани, едвај 50-ина излегоа на протест пред Владата барајќи чист воздух. Одзивот е мал бидејќи сме веќе изморени и немаме надеж дека нешто ќе се промени, а протестите немаат ефекти, велат некои од граѓаните.