Следниот викенд Галичка свадба, Илчо Димитров и Елена Дураковска ќе бидат зет и невеста
Карактеристично за годинешната манифестација е што покрај нив, во црквата „Свети Апостол Павле” во ист ден ќе бидат венчани и Искра Блажевска и Марко Бекрик, додека Марија Крстевска и Владимир Черепналковски ќе го кажат судбоносното „Да” во Галичник на 28-ми август.