Еуримаж го поддржа „Кајмак“ на Манчевски и уште два филма во кои Македонија е малцински учесник
Филмот„Кајмак“ во режија на Милчо Манчевски, во кој Македонија е носител на проектот, како и филмовите и копродукциите „Живи и здрави“ и „Долината на Шарко“, во кои има македонско малцинско копродуцентско учество, се поддржани од Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела – Еуримаж, на првата сесија во 2021 година.