Кумановските пожарникари изминатото деноноќие гаселе пожари на пет различни локации
Сува трева горела во неколку села во кумановско, а била зафатена и нискостеблеста и дабова шума во две села Руница во Општина Липково и Сушево, Општина Куманово, информираше денеска Регионалниот центар за управување со кризи во Куманово