Тиквешани го испочитуваа обичајот – за Младенци подготвија 40 посни питулици со маџун
– За младите домаќинки, споделуваме дека питулиците се прават со по една чаша брашно и вода, по пола лажичка сол, пециво, оцет. Смесата се промешува и се печат 40 мали питулици кои се потопуваат со традиционалниот производ од грозје, маџун, а може и со мед, потсетија од библиотеката.