Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков донираше хуманитарни пакети во рамки на акцијата „Црвен тепих на хуманоста“, која се организираше денеска во пресрет на божикните празници за помош и поддршка на социјално ранливите категории.
Свештената бигорска Обител објави соопштение за божикните празнувања, преку кое верниците се известуваат за редоследот на богослужбите, како и неопходното почитување на мерките за заштита од КОВИД-19.
Во штипската Клиничка болница изутрината во 9 часот се роди првото новороденче во 2022 година. Станува збор за здраво женско бебе, тешко над 4 килограми, а неговата мајка е од Радовиш.
Секое новороденче од Општина Крива Паланка ќе добие еднокоратна парична помош од локалната самоуправа во висина од три илјади денари.
Јовчески минатата недела одржа средба со дел тутунски здурженија, но не и со Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.
Скулптура во метал, дело на гостиварскиот уметник Џезаир Реџепи, од денеска ќе стои на левиот брег на Вардар во Гостивар. Ова дело со висина од речиси пет метри стана сопственост на општина Гостивар по потпишување на меморандумот помеѓу локалната самоуправа и авторот.
Општина Новаци ќе додели три милиони денари за користење субвенција за термоизолациони фасади. Јавниот повик ќе биде отворен 90 дена, изјави градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски.
Поволната хидролошка состојба проследена со врнежи од дожд и снег последниве триесетина дена, придонесоа нивото на Осломејско езеро да порасне за еден метар и да дојде до максималната кота пред излевање
Во струмичката болница се лекуваат 20 пациенти, од кои осум примаат терапија во дневната болница, 12 се на болничко лекување, а од нив седум се на кислородна поддршка
Есенската сеидба во општина Виница е реализирана на 669 хектари, со што планот е целосно исполнет, велат од Подрачната единица на Министерството за земјоделство