Првото новородено бебе во Новата 2022 година во Прилеп е женско дете, второ на среќната мајка Ивона Смилеска. Првото бебе се роди речиси еден час по полноќ на Одделението за гинекологија и акушерство при прилепската Општа болница со проширена надлежност.
Градоначалникот на Тетово Биљал Касами во текот на новогодишната ноќ ги посети вработените во дежурните служби. Ги посети вработените во комуналното претријатие, полицијата и пожарната
Женско е првото бебе родено во Кавадарци во Новата 2022 година. Гинеколог доктор Адела Стефанија, појасни за МИА дека новороденчето на свет го донела прворотката В.Ј. од Кавадарци
Повереникот за надлежностите на градоначалник на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски во текот на новогодишната ноќ ги посети дежурните екипи на институциите од посебен интерес
Неколку илјади граѓани на Охрид како и гости кои решија новогодишните празници да ги минат во нашето најпознато туристичко место, синоќа со забава на Градскиот плоштад ја испратија старата 2021 и ја дочекаа Новата 2022 година
Првороденото бебе во новата 2022 година во струмичката болница е машко, а на свет го донесе Гулбеас Караелмазова од валандовското село Калково
Првото бебе во одделот за гинекологија при тетовската клиничка болница е родено во првата минута од 2022 година
На подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива дебарското одделение за внатрешни работи, новогодишната ноќ мина мирно
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов во новогодишната ноќ ги посети дежурните служби, но и штитениците од Заводот за заштита и рехабилитација во Банско и тие што живеат во мали групни домови
Во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време со појава на утринска магла по одделни котлини, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи