Димитриевски: Набавката на компјутери за кумановските советници е завршена, одлуката за задржување е лична
Набавката на компјутерите е завршена за 33-та советници во Куманово, оној кој не сака може да го врати, општината ќе одлучи каде ќе го прераспредели, вели градоначалникот Максим Димитриевски по реакција на дел од советниците. Набавката на електронската опрема е редовна по завршување на четиригодишен мандат, компјутерите се неопходни за работата на советниците, смета Димитриевски