„ТАБ МАК“ Пробиштип со нов инвестициски циклус од 30 милиони евра
Новиот инвестициски циклус на „ТАБ МАК“ од Пробиштип, во вредност од 30 милиони евра, што подразбира зголемување на капацитетите во производство на стартер батерии, беше во фокусот на разговорот на средбата на премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов со раководството на словенечката фабрика „ТАБ МАК“ за оловно-киселински акумулатори