Во работна посета на Општина Берово денес попладнето престојуваше францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер. Новиот амбасадор на Француската Републлика на првата средба со градоначалникот Звонко Пекевски разговараше за конкретните чекори што се преземаат во насока на интензивирање на билатералната соработка, помеѓу нашата држава и Франција, во делот на унапредување на односите со општините.
Од невремето кое го зафати Радовиш,откорнати се повеќе дрвја, искршени се гранки кои паднале врз неколку возила предизвикувајќи помали штети.
Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните да бидат постојано внимателни ако се движат или работат во полето и низ шумите, да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите и да не фрлаат неизгаснати догорчиња со цел да се избеге појава на пожари.
Карикатурите на Милман, претставени пред љубителите на уметноста во Делчево. Како што информираше авторот Миле Милчевски, ова е прва изложба од циклусот изложби посветени на здравствената пандемија.
Температурата на воздухот денеска во Демир Капија се искачи на 37 степени, а во Тетово, Струмица, Скопје, кај Зајчев Рид и во Гевгелија се регистрирани 36 степени Целзиусови.
Невремето со силен ветар и дожд, кое синоќа околу 21:00 часот го зафати струмичкиот регион, предизвика штети на повеќе локации во струмичкиот регион
Топло време со натпросечни температури кои ќе достигнат и до 41 степен, се очекуваат од утре во следните денови, а за денеска попладне има најава за пороен дожд со грмежи и засилен ветер
Со пригодна свеченост и огномет, синоќа беше пуштено осветлувањето на реката Црн Дрим. Осветлувањето официјално го пушти струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.
И покрај врнежите што ја зафатија земјава, водостоите на повеќето реки се под или околу јунскиот просек
На патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – село Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин 15 – 20 минути меѓу 12:00 и 15:00 часот