Општина Куманово и Занаетчиската комора потпишаа Меморандум за соработка
Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски и претседателот на Занаетчиската Комора Агрон Фазлији, денеска потпишаа Меморандум за соработка, за остварување на активна соработка и размена на информации, со цел создавање на меѓусебно партнерство во насока на креирање на поволно деловно опкружување.