Претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи
Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со појава на град. Ќе дува умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од 12 до 19 степени, а максималната од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 7.