Во Кисела Вода се одржа Франкофонска вечер
По повод Меѓународниот ден на Франкофонијата во Кисела Вода се одржа франкофонска вечер, насловена „На француски, ве молам“, при што ученици од повеќе скопски основни училишта пред присутните изведоа прекрасни бројни ритмички и музички точки, интерпретираа познати француски шансони, а читаа и литературни дела на француски јазик