Формиран Советот за превенција на Кавадарци
Градоначалникот на Кавадарци, командирите на противпожарната и полицијата, началникот на канцеларијата за криминалистички работи, претставници на болницата, судот и обвинителството, претседателот и координаторите на двете најголеми партии во Советот на општината, претставници на стручните служби при локалната самоуправа и воспитно образовни институции, се именувани за членови на новиот Совет за превенција на Кавадарци.