Џоломарите од Сопот бркаа лоши духови во Перник, Бугарија
Со кожувчиња, грпки и бради, исцрнети лица од саѓи, клопотарци и стапови, со кои правеа врева, џоломарите од кавадаречкото село Сопот бркаа лоши духови во градот Перник, соседна Бугарија. Изминативе три дена, тие беа дел од меѓународниот карневал под маски, кој постои од 1966 година.