Милошоски: Со етничката припадност во личните карти ќе го зачуваме нашето национално достоинство
Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава во посета на општина Велес, одговарајќи на новинарско прашање рече дека во собранието по нарачка на Зоран Заев, се прави филибастеринг по однос на Законот за лични карти, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ има еден принципиелен став, односно како што рече тој после сите национални понижувања, тие сметаат дека делумно би се зачувало националното достоинство доколку во личните карти може да стои етничката припадност