Николоски на средба со полскиот амбасадор во Македонија, Висоцки
Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, оствари средба со полскиот амбасадор во Република Македонија, Пиотр Висоцки, со кој разговарал за надлежностите и клучните цели на Советот како и за поддршката што Полска и ја дава на Македонија.