Мицкоски му одговори на Заев: Со криминалци како тебе никогаш нема да се договарам
Ќе дојде тој ден кога ќе молиш да ја коментираш таа опозиција, јас ти ветувам дека ќе дојде ден дали со мене, без мене, жив на овој свет, ќе молиш пред овој народ. Верувај ми ќе молиш, му порача Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на неговиот политички противник од власта Зоран Заев.