Путин си поигрува со гасните турбини и германските нерви
Кусо траеше. Од среда, 27 јули во 6 часот, гасоводот Северен тек 1 работи со само 20 отсто капацитет. Тоа значи дека од Русија во Германија пристигнуваат само околу 33 милиони кубни метри гас дневно. Според добавувачите, причина е ремонт на друга турбина, пишува Дојче веле.