Ќучук: Западен Балкан нема потреба од ескалација на тензиите, туку од стабилност и надежна европска перспектива
Бугарскиот европратеник од ДПС-Обнова на Европа, Илхан Ќучук, денеска беше домаќин на тркалезна маса со амбасадорите на земјите од Западен Балкан во Брисел, неколку дена пред самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо кај Крањ, во Словенија, јави канцеларијата на европратеникот.