Во Делчево и Македонска Каменица од вкупно 21.387 до девет часот своето право на глас го оствариле 878 гласачи. Според информациите на Владимир Петровски, излезноста на референдумот во Делчево до девет часот изнесува 4,3 проценти.
Според последните информации од трите општински изборни комисии во гостиварскиот регион до 11 часот на избирачките места излегле над 5 проценти од запишаните избирачи.
До 11 часот во Куманово излезеноста е 8,12 проценти, информираше претседателот на Општинската изборна комисија Куманово, Звонимир Николовски.
Од отворањето на гласачките места досега се регистрирани вкупно четири инциденти, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски.
Според податоците од Општинската изборна комисија Велес, од вкупно 46 110 гласачи во Единствениот избирачки список до 11 часот на референдусмкото гласање излегле 3 728 гласачи или 8,09 проценти.
Вкупно 1.391 лице од регистрирани 16.760 гласачи во Избирачкиот список во општина Ресен денеска до 11 часот го оствариле референдумското право.
До 11 часот на 3.480 гласачки места на територијата на Република Македонија гласањето тече мирно и без неправилности. Од обработените 92,06 отсто од податоците од избирачките места до 11 часот на гласање излегле вкупно 8,03 проценти од запишаните гласачи на овие избирачки места.
Во општина Струга до 11 часот гласале 6,63 отсто од регистрираните гласачи, а во Вевчани речиси девет проценти го оствариле своето уставно право на референдумот, информираат општинските изборни комисии.
Во првите четири часа од изборниот процес во општина Битола гласале 12 отсто од граѓаните со право на глас.
Во општина Гостивар од обработените податоци до девет часот на гласање излегле 1.365 граѓани (1,73 отсто).