3539 болни и немоќни лица и 1640 затвореници ќе гласаат во Сабота
Од вкупно примени 3819 барања за болни и немоќни лица за гласање во сабота, 3539 се прифатени, а одбиени се 272 барања. Во 13 затворски единици низ нашата држава ќе гласаат 1640 затвореници. Внатрешно раселени лица се седум, а во двата старски дома, како пилот проект, се пријавиле 71 лице за гласање, информира претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски