Припадници на арм учествуваа на спортските игри во стрелаштво, пинг понг, шах и фудбал
Во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ каде е сместена Командата за обука и доктрини денеска се одржаа веќе традиционалните спортски игри во стрелаштво, пинг понг, шах и фудбал на кој учествуваа припадници на АРМ од Единицата на Командата за обука и доктрини, питомци од Воената Академија, членови од Стрелачкиот клуб „Велес“, од ЈКП „Дервен“ и Винаријата „Стоби“