Ѓоргиевска и Јованоски првите прилепчани кои го искачија врвот Аконкагва
„За прв пат во животот кога јас сум се искачила на некој врв ми потекоа солзи. Претходно сум била и на Елбрус, Мон Блан, Полукс, можеби тоа не се некои врвови за кои познатите планинари сметаат дека се нешто посебно, но за мене сето тоа беше едно ново искуство“, истакна Ѓорѓиевска.