Кривична пријава против трујачите на кучиња во Пехчево
Поради основани сомненија и докази за сторени кривични дела, труење и закопување живи кучиња, здружението за заштита на животните „Анима Мунди” денеска заедно со Здруженијата „ЕДЕН”, „Daisy Family Rescue” и „Helping strays in Ohrid, Macedonia” поднесе кривична пријава против непознати сторители вработени во ЈКП „Комуналец” ПО Пехчево и Општина Пехчево.