Дваесетина љубители на постарата генерација возила од марката фолксваген, денеска на Голак го реализираа првиот олдтајмер кампинг.
Над стотина планинари, членови на планинарските клубови од повеќе градови од Македонија, учествуваа на зимската планинарска школа, што се одржа во туристичкиот центар Пониква на Осоговските Планини.
По повод 147-годишнината од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев во Прилеп се одржа семакедонски собир на Македонците кои живеат во соседните земји. Оваа средба е традиционална и се одржува по 17-ти пат во организација на граѓанската иницијатива за национална, културна и европска интеграција на македонскиот народ „Не има“. Одбележувањето годинава е под мотото „Македонскиот јазик е нашата татковина“.
Оваа иницијатива беше покрената од група ентузијасти и спортски риболовци од Кичево, кои имаат за цел ова вештачко езеро за краток период да се претвори во вистински рај за спортските риболовци и љубителите на убавата природа, иако поради ниските температури езерото замрзна.
Седиштето на меѓурегионалното Јавно претпријатие за депонијата, или современиот систем за управување со отпад за источниот и свероисточниот регион ќе биде во Свети Николе, каде што во близина на селото Мечкуевци и ќе се депонира и рецилира отпадот.
Помор на риба во реката Брегалница констатирале членовите на спортско-риболовното здружение „Кочански рибар“ од Кочани, на потегот од мотелот „Слив“ до мостот кон селото Зрновци.
Над стотина работници од текстилната и кожарската индустрија доставиле претставки до Здружението „Гласен Текстилец“-Штип дека немаат земено К-15.
Во гостиварските села Чегране, Форино и Равен почна уписот на деца од предучилишна возраст во една градинка и два центри за ран детски развој.
Продолжува иницијативата за второто најавено порибување на Осломејското Езеро.
Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски синоќа го промовираше новото осветлување на Градскиот парк со паметни светилки. Околу сто канделабри го осветлуваат просторот со лед осветлувачки тела.