Запленети 2.000 парчиња брендирана роба од марките Луи Витон, Диор, Гучи, Версаче, Барбери...
Пратката, како што соопшти Царинската управа, била од Турција и требало да се транспортира до Босна и Херцеговина. Согласно направената процена, доколку овие производи се продаваат како оригинали, на пазарот нивната вкупна вредност би била 19,9 милиони денари.