Ненадејното прегласување на ветото на полскиот Сенат и синоќешното усвојување на амандманите на законот за медиуми со кои американскиот сопственик на последната голема независна телевизија во Полска, ТВН, се принудува да продаде 51 процент од акциите, ги поттикна САД и ЕУ да изразат остри реакции и загриженост за слободата на медиумите во Полска
Француските власти од 30 јануари воведуваат з должителни засилувачки дози вакцини против ковид-19 за пожарникарите и медицинскиот персонал, соопшти денеска министерот за социјала и здравство Оливие Веран во изјава за радиото Франс Интер, пренесува БГНЕС
Градоначалникот на Сан Франциско прогласи вонредна состојба во градскиот округ, каде од минатата година е забележан пораст на смртните случаи од предозирање со наркотици
Најмалку 10 лица, меѓу кои осум деца, загинаа синоќа во сообраќајна несреќа во малезиската држава Селангор, јави Синхуа, која се повикува на локалните служби за вонредни состојби
Шефот на претседателскиот кабинет на Украина Андриј Ермак телефонски разговарал со американскиот помошник за национална безбедност Џејк Саливан за прашањето за Донбас и чекорите за „деескалација на ситуацијата околу Украина“. Ермак денеска тоа го соопшти преку Твитер
Американските власти се подготвени да обезбедат хуманитарна помош за народот на Авганистан, но ги повикуваат талибанците, кои ја презедоа власта во земјата, да ги исполнат своите обврски, вклучително и во борбата против тероризмот
Новото тестирање на американската хиперсонична ракета AGS-183A во рамките на програмата ARRW (Air-Launched Rapid Response Weapon) беше неуспешно, објави специјализираниот портал The War Zone, цитирајќи претставник на американските воздухопловни сили
Скандинавските и балтичките министри за одбрана оценија дека западните земји во никој случај не треба да се согласат со руските предлози за безбедносни гаранции во Европа, се вели во соопштението на естонското Министерство за одбрана
Властите во Јужна Кореја денеска ги заостри рестриктивните мерки поради брзото ширење на Ковид во земјата
Франкот, јенот и данската круна се најстабилните валути во светот и не им се заканува девалвација, изјави Михаил Шулгин, шеф на глобалното истражување во рускиот Откритие инвестментс