Според медиумот, останува да се утврди само клаузулата за откуп на Бразилецот, но неговите агенти тврдат дека тоа не е пречка за договор.
Мароканскиот играч во редовите на ПСЖ, Ашраф Хакими, е прогласен денеска за најдобар африкански фудбалер во француската Лига 1, откако му помогна на својот клуб да ја освои рекордната 13. титула во националното првенство и да стигне до финалето на Лигата на шампиони.
Познатиот италијански експерт за трансфери Фабрицио Романо ја потврди денеска информацијата за смена на клупата на Реал Мадрид.
Германскиот крилен напаѓач Лирој Сане (29), чиј договор со Баерн истекува на крајот на јуни, најверојатно ќе остане во баварскиот клуб, објавија денеска германските медиуми.
Шпанскиот фудбалер од средниот ред, Мартин Зубименди (26), за кого беа заинтересирани европски гиганти како Ливерпул и Реал Мадрид, ќе се приклучи на Арсенал ова лето, објавија денеска британските медиуми.
Македонија Ѓорче Петров одигра без голови на дербито во Гостивар против Арсими и го задржа првото место на табелата во Втората македонска фудбалска лига.
Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, ќе ги предводи сите 600 вработени во клубот за да го гледаат финалето на Лигата на шампионите против Интер во живо на 31 мај, кое ќе се игра на стадионот на Баерн Минхен.
ФИФА продолжува со борбата против расизмот во фудбалот, најавувајќи нови драстични мерки што треба да ги одвратат сторителите и да го намалат бројот на инциденти на стадионите низ целиот свет.
Фудбалерите на Манчестер Сити одиграа нерешено 0-0 на гостински терен против Саутемптон, кој се соочува со испаѓање од лигата, во дуел од 36-тото коло од англиската Премиер лига.
Според еден од најдоверливите германски медиуми, „Билд“, Вирц постигнал договор со Баерн и остануваат само уште двата клуба да се договорат за трансферот.