Како што соопштија од Јавното обвинителство, на работниот состанок во просториите на ЈОРМ, станало збор и за актуелните реформи во правосудниот систем и неопходната активна вклученост на јавните обвинителства.
Неопходни се анализи за правилно да се одредат мерките што треба да се преземат за намалување на загадувањето во државата, а преземањето несоодветни мерки само може да предизвика поголема штета.
Многу добра вест е што медијаторот за името Метју Нимиц дојде во регионот, бидејќи само преку дијалог може да се најдат најдобрите решенија, рече денеска амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.
Судијката Добрила Кацарска го прифати барањето на адвокатот Богољуб Софрониевски за одложување на рочиштето бидејќи немал доволно време за подготовка, имајќи предвид дека и вчера бил ангажиран како бранител на Ѓоко Поповски.
-Од наша страна има добра волја за заемно прифатливи решение кое ќе ги почитува интересите, достоинството и идентитетот на двата народа. За да дојдеме до решение ќе биде нужна добра волја и од другата страна, велат од кабинетот на Димитров.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, не е вклучен во преговорите за името и не беше на состонакот викендов, па денеска пред новинарите изјави дека не добил покана.
Денешното судско рочиште за предметот на СЈО „Топлик“ во кој се осомничени поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште пет лица за продажбата на градежна парцела во скопско Сопиште, е одложено за 8 март.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека до овој момент се преведени 17.000 амандмани, од вкупно 35.569 амандмани кои опозицијата ги поднесе за Законот за употреба на јазиците.
Министерот за здравство, Венко Филипче, оствари работна посета на Република Бугарија каде што се сретна со бугарскиот министер за здравство, Кирил Ананиев.
Поранешниот премиер Никола Груевски денеска треба да се појави во Кривичниот суд на првото рочиште за набавката на луксузниот мерцедес од 600.000 евра во случајот Тенк.