За време на своето претседавање со Советот на ЕУ, Словенија успеа повторно да го воведе терминот „перспектива за членство” во документите, наместо обична „европска перспектива” за државите од Балканот и европското источно соседство, изјави словенечкиот премиер Јанез Јанша.
Софиското обвинителство нема да покрене истрага против поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, по обвинувања од Стојчо Кацаров додека тој беше привремен министер за здравство на Бугарија
Работно време до полноќ за угостителските објекти, без музика, со забрането стоење и со најмногу шест гости на маса, спортски натпревари со гледачи до десет отсто од капацитетот на стадионите и салите или најмногу 1.000 лица, работа од дома за 50 отсто од вработените во јавниот и приватниот сектор, се новите мерки во Грција кои во шест часот утрово стапија во сила
„Две, три армии, тоа не може да биде, се работи за Договорот за трансфер на надлежностите и тој мора да опстане, мора да остане една заедничка армија, а тоа се вооружените сили”, рече Шмит.
Пратениците во Собранието на Црна Гора денеска усвоија сет закони со кои се овозможува зголемување на минималната плата од 250 на 450 евра од 1 јануари 2022 година.
Со сите можности на законот ќе ги заштитиме потрошувачите од злоупотреба на нивните права, изјави вицепремиерката и министерка за економија на Бугарија, Корнелија Нинова, јави БТА. Ставот на министерката е објавен на веб-страницата на Министерството за економија.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на годишната прес-конференција најави дека на 1 февруари младите од 16 до 30 години ќе добијат помош од 100 евра, јави дописникот на МИА од Белград.
Вучиќ најави дека желбата на Србија е да се обезбеди продолжување на просперитетот и да се води активна, а не пасивна политика. „Затоа донесовме важни одлуки во рамките на иницијативата Отворен Балкан“.
Меѓу жртвите имало и десетици жени, постари лица и деца. Најмладата жртва беше бебе кое во моментот кога беше погубено имало само 15 дена, а најстарото дете имало две години, пренесува Хина.
Ситуацијата на Косово е посебно драматична поради ниското ниво на домашно производство, техничките проблеми и студеното време, што предизвикало прекин на производството во електроцентралите, а властите во Приштина ги принудиле да увезуваат поголеми количества струја од вообичаените.