Мостови на пријателство помеѓу учениците од Кисела Вода, Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров
Во рамки на мултиетничкиот проект „Сите сме заедно“ денеска во Домот на Армијата во Скопје се одржа завршен настан на кој ученици од основното училиште „Лирија“ во Општина Чаир, ОУ „25 Мај“ во Општина Гази Баба, ОУ „Јоаким Крчовски“ и Општина Ѓорче Петров и ОУ „Кузман Јосифовски Питу“ во Општина Кисела Вода се претставија со повеќе музички точки на македонски и албански јазик