Градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, ослободен од обвинението за даночно затајување
Градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, и неговите двајца синови се ослободени од обвиненијата за даночно затајување во врска со продажбата на акции во малопродажниот синџир „Меркатор“ во 2006 година, е исходот од денешната судска пресуда, што е донесена по едномесечно судење, јавува словенечката агенција СТА