Поставеноста на монетарната политика на Народната банка на Македонија е стабилна и ефикасна во одржувањето на стабилноста на девизниот курс и контролата на инфлацијата, оценува шефицата на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјава Анет Кјобе.
Дисоска за МИА вели дека жените секојдневно се соочуваат со многу предрасуди, но дека треба да се охрабрат и да се борат за своите позиции.
Трајковска е на став дека верските заедници кај нас меѓу себе имаат одлична соработка и секогаш даваат меѓусебна поддршка кога станува збор за круцијалните прашања во државата.
Одговорност за сите злоупотреби ќе има, внатрешната ревизија е веќе почната и како ги добиваме извештаите ќе ги проследуваме до полицијата и Обвинителството, кои се надлежни да постапуваат, најавува директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски.
Тој додава дека НАТО-сојузништвото е рамка која нуди можност и за засилен политички дијалог.
Заменик-министерот на Литванија, Симонас Шатунас смета дека на раздвојувањето на Северна Македонија и Албанија на евроинтегративниот пат може да се гледа и како добар аргумент за тоа како да се направи повеќе.
Во врска со припојувањето на туризмот кон Министерството, кој претходно беше под надлежност на Министерството за економија, Љутков појасни дека нови вработувања нема да има, бидејќи вработени во Министерството за економија ќе се префрлат во Министерството за култура.
Негувањето на одржлива и етичка мода преку поддршка на локалните занаетчии и рециклирање за мене е совршенство при дизајнирањето.
Она што исто така е важно, според Какурас, е да се зачува и привлечноста на странските инвеститори.
Цените на храната се уште се високи, особено во земјите на Европа и Централна Азија, кои беа особено погодени од нарушувањето што го предизвика војната во Украина.
Корупцијата е крајно опасна, ги поткопува демократските институции, ја подрива довербата во државата, а го отежнува и водењето бизнис
„Чувари на формулата” е копродукција меѓу Кобра Филм и Тон Филм од Србија, Скопје Филм Студио од Македонија, Перфо Продукција од Словенија и Битер Фрејмс од Црна Гора, поддржани од националните фондови на овие земји и Еуримаж.
Мора да се подигнува свесноста за чисти оџаци и да не се предизвикуваат шумски пожари, а ние освен со брзи интервенции ќе продолжиме и со обуки, тренинзи и учества во меѓународни проекти кои овозможуваат поддршка на пожарникарството како професиј
Копаничарството е древна македонска уметност и секоја генерација треба да ја негува, вели во интервју за МИА, Веселин Поповски, претседател на Здружение на копаничари на Македонија со седиште во Битола, кое одбележува 30 години постоење.
Но, за тоа, вели таа, неопходни се конкретни планови, работа на терен и пред се, навремено информирање на населението за самиот процес на праведна транзиција. Во целиот тој процес, посочува, неопходна е соработка помеѓу централната власт и локалната самоуправа.
Бугарите во Македонија, без разлика дали се македонски Бугари, или доселени од Источна Србија или Бугарија, мнозинството не се како Пендиков, криминалец инструмент во рацете на Софија
За работењето на „Алкалоид“, но и за ставовите поврзани со економската состојба на земјава и регионот, за регионалните иницијативи и за многу други теми, прочитајте во интервјуто со генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.
За решавање на проблемот со бездомните кучиња недостасува една важна алка, а тоа е регистрација на одгледувачници на кучиња.
Тој деновиве присуствуваше на настанот на скопскиот аеродром, каде беше најавен нов, шести воздухоплов на „Виз ер“ во базата во Скопје со што најавија оперирање до 35 дестинации во 15 држави.
Смета дека сите влади на земјите од Западен Балкан треба да имаат стратешки планови за инвестиции во животната средина, а пари на располагање има од страна на фондовите на ЕУ и банките.
Во интервјуто за МИА д-р Шенол говори и за неговиот кариерен развој, за статусот на здраствените работници во земјава, но и за незадоволството на граѓаните од лекарите и од целокупниот здравствен систем.
Европскиот банкарски сектор, особено комерцијалните банки кои имаат голема, солидна и разновидна депозитна база и кредитираат разновидни групи клиенти, според Павлова, е далеку позаштитен
Дигитализацијата, со сите нејзини предности, секако го прави општеството многу поранливо. Се забележуваат различни примери и на глобално ниво и на ниво на Европа, но и на Балканот, хакерски напади, како и целосни блокади
Со новиот Закон за платежни услуги и платни системи се очекува да се јават нови даватели на платежни услуги со што ќе се зголеми конкурентноста на пазарот што пак ќе придонесе кон збогатување на услугите, дигитализација и намалување на надоместоците
Оваа владеачка коалиција е целосно корумпирана, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски
Во интервјуто што МИА го направи по повод патрониот празник на Универзитетот, ректорот посочува дека главен проблем со кој денес се соочува оваа високообразовна институција е подмладувањето на кадарот
Моника Зајкова во неделата стана претседателка на Либерлано-демократската партија, а истовремено таа е пратеник и дел од владејачкото мнозинство во Парламентот
Да се влијае на политичкиот момент во државата, да се влијае на капацитетот на институциите, да се влијае на граѓаните преку предизвикување вознемиреност, несигурност, да се се пласираат лажни дојави, лажни вести се практично целите кои сакаат да се постигнат со лажните дојави на бомби, кои се случуваа изминатите недели во повеќе скопски средни училишта, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски
Со помош на триковите го привлекувам вниманието на децата, а потоа ги едуцирам како да селектираат амбалажен отпад
Во интервју за „Фокус“, Мицкоски изразува увереност дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада. Притоа, тој најавува повлекување од политиката, ако макар еден пратеник ја изневери неговата доверба
Интеграциските процеси на Балканот даваат видливи резултати, додава тој, а членството на Северна Македонија во НАТО имаше силен стабилизирачки ефект на регионот, што е особено видливо денес во оваа нова безбедносна реалност.
Поранешниот шеф на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјава Бишваџит Банерџи оценува дека земјава има постигнато значителен економски напредок во последните две децении
Не сум оптимист дека Македонија, и покрај напорите на Париз и Берлин да помогнат за тргање на ветото, може да ги почне преговорите со ЕУ на крајот од француското претседателство поради внатрешната ситуација во Бугарија
Главен приоритет на Македонија треба да биде дигитализацијата, како и во образованието така и во генералните вештини
Познатиот чешки писател, издавач и новинар, Мартин Вопенка (Martin Vopěnka), пред доаѓањето и промоцијата на неговата детска книга „Заспаниот град“
Воскресението Христово за православните христијани не е само сеќавање и празнување на тој историски настан во одреден ден од годината, туку пред сѐ и над сѐ смисла на постоењето и животна цел
Вкрстената анализа на сите податоци, Симовски, вели дека не остава простор за манипулација и кога располагате со сериозни бази на податоци преку кои неколкукратно правите проверка на прибраните податоци од терен, можноста за грешка е практично непостоечка
Тој смета дека треба да се продолжи вакцинацијата за, како што вели, побрзо да постигнеме ниво што за нас би значело безбедно живеење, односно ослободување од сите мерки за да продолжиме нормален живот како што сите ние уште од почетокот на пандемијата посакуваме
Министерката за одбрана Славјанка Петровска изминатите два дена во Брисел за првпат учествуваше на министерски состанок за одбрана на НАТО, што беше во најголем дел посветен на тензиите со Русија и безбедносните ризици за Европа
Со еден конструктивен дијалог да одиме напред затоа што за мене добрососедството е од огромна важност за Бугарија, за Република Македонија и за целиот балкански регион, вели бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за МИА во пресрет на неговата утрешна посета на Скопје
Мојот принцип на работа е да има различна содржина во секое следно дело. Првата мисла е да не им биде здодевно на читателите со тоа што новиот роман ќе наликува на претходниот, а потоа дека чувствувам потреба јас самиот како автор да шетам меѓу жанрови за да го допрам „следното“ мое скалило
Поплави, земјотреси, сообраќајни незгоди, финансиски загуби, безброј опасности демнеат околу нас
Вработените во хотелот „Молика“, нагласува тој, подготвени ја дочекуваат зимската сезона, која почнува на 15 декември, а завршува на 15 март.
Македонија нема како да попушти на суштински план пред барањата на Бугарија и за надминување на ветото во ЕУ ќе треба некаков симболичен компромис или механизам за Софија да го спаси својот углед. А за таква промена потребен е пријателски совет од ЕУ земјите до Бугарија дека можеби треба да ги има на ум сите домашни проблеми и да преговара начин за излез од овој спор, вели универзитетскиот професор специјализиран за Балканот, Флоријан Бибер
Земјите во развој како што е Македонија, треба да ги постават своите митигациски цели, но финансирањето е клучот во остварување на овие таргети, вели во интервју, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, кој учествува на Конференцијата на ОН за климатски промени
Студентите на најстариот и најголем универзитет во земјава идниот петок ќе ја почнат новата академска 2021/2022 година со комбинирана настава во зимскиот семестар – онлајн и физичко присуство, според самостојна одлука на секој од 23-те факултети на УКИМ и во зависност од големината на групите и од спецификите на студиските програми
Во 2021 година се очекува делумно опоравување, со раст на БДП од 4 проценти, благодарение на враќањето на извозот и приватната потрошувачка, како и одржливата владина потрошувачка
Државната изборна комисија (ДИК) го потпиша договорот со германската компанија „Дермалог“, која треба да ги набави потребните терминали за читање отпечатоци од прсти и системот за нивно функционирање, а ќе се грижи и за нивно одржување во следните четири години односно четири изборни циклуси.
Хјуман Рајтс Воч, една од највлијателните невладини организации за човекови права, со месеци бара од Европската Унија да ги укине привремено правата на интелектуална сопственост за вакцините против Ковид-19, попознато како TRIPS Waiver или суспендирање на патентите, за да им се овозможи на сиромашните земји што поскоро да ја пребродат санитарната криза
Билатералните прашања не смеат да се користат за блокирање на европскиот пат. Такви прашања можат да се решаваат во меѓувреме, но билатерално и не може да бидат поврзани со преговорите.
Мојата порака до народот во Македонија е дека веќе имаме партнерски однос, веќе сме народи-пријатели и нашата соработка треба да се обидуваме, колку што можеме да ја продлабочуваме и сите пречки во оваа насока треба да ги отстрануваме, вели поранешниот шеф на грчката дипломатија, а сега пратеникот од СИРИЗА надлежен за надворешна политика Јоргос Катругалос
Клус е оптимист за почеток на првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ во првата половина на годинава
Одговор на новата ситуација предизвикана од ковид-кризата треба да даде Планот за финансирање на заздравувањето и забрзување на економскиот раст
Ова го потенцира новиот јапонскиот амбасадор во земјава, Хиронори Савада во екслузивното интервју за МИА, одговарајќи на прашањето дали Јапонија гледа стабилност во Македонија, во смисол на инвестирање во земјава.
Не мал е бројот на компании што во овој момент се интересираат за учество на проектот за изградба на првите две фази од пругата кон Бугарија, вели во интервју Хари Локвенец, директор на ЈП Македонски железници Инфраструктура
Антонио Илиоски уште од шест годишна возраст покажал љубов кон музиката и одлучил да се посвети на музичка кариера
Влегувањето во НАТО и придвижувањето кон ЕУ, какво-такво, не става на колосек од кој не можеме да одиме лево или десно, мора да движиме право како што налага пругата. Што поскоро одиме во тој правец, полесно ќе ги решаваме и проблемите, вели претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.
Тековните потреби и понатаму ќе се сервисирааат непречено. Во најголема криза пензиите ги исплаќавме порано, редовно се исплаќаат платите и не се доцни со обврските
Медицинскиот кадар кој работи во лабораториите и останатите во здравствениот сектор никогаш не се доволни, и здравствените работници се разболуваат, имаат разни здравствени проблеми, апаратите се расипуваат, се сервисираат и сето ова ја усложнува работата и издавањето на резултатите
Oтворени сме за дијалог и унапредување на културната соработка со сите соседи. Еден од приоритетите во мојата работа е да ја продлабочам таа соработката. Дотолку повеќе што сите ние на Балканот, како наследници на големите империи, споделуваме заедничко културно наследство што е добра основа за меѓусебен дијалог и взаемно почитување
За застапеноста на жените во политичките процеси во интервју за МИА разговаравме со Даниела Антоновска, експертка по родова рамноправност, магистер по родови студии со 18-годишно работно искуство во оваа областа во домашни и меѓународни невладини организации.
Во овој момент оптимално решение е да се продолжи со онлајн настава. Оптимално решение ако на прво место ја ставиме пандемијата и да го заштитиме здравјето на нашите деца и на повозрасните
Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за МИА уверува дека Јавното обвинителство е подготвено и со целосна посветеност и залагање ќе пристапи кон примената на одредбите од новиот Закон за јавно обвинителство што денеска стапи на сила
Две пораки би испратил. Едната, како човек. Да внимаваат, да продолжат да го прават она што им го велат експертите и лекарите за ситуацијата секогаш да биде под контрола и да немаат проблеми со нивното здравје.
Александар Ивановски, поранешен даночен инспектор во Управата за јавни приходи во Скопје, денеска раководи со секторот за даночна политика во Европската Фискална Конфедерација во Брисел, организација на даночни асоцијации и институти во Европа
За два до три пати е зголемен бројот на пациенти со ургентна патологија на Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ – Скопје, позната како стара Градска болница од почетокот на епидемијата на Ковид-19
Рестрикциите кои што произлегоа од состојбата со коронавирусот имаат влијание врз сите, но тоа е повеќе изразено кај некои групи на граѓани
МПЦ-ОА, снисходливо го слуша гласот на властите и државата во заштита на животот на народот и длабоко сочувствува и сострадува, како со заболените и болните од секакви болести, па и од Ковид-19 и мајчински се моли за нивно оздравување
Земјите-членки одлучија да ги отворат преговорите со Македонија. Нема враќање назад, преговарачкиот воз замина од станицата и вие сте во него
Италија се соочува со деликатна ситуација што зафаќа глобални размени, но, како што оцени италијанскиот амбасадор во земјава Карло Ромео во интервјуто за МИА, италијанската Влада навремено реагирала на вонредната состојба предизвикана од опасноста од епидемијата од Ковид 19, што беше позитивно оценето од Светската здравствена организација и од Европската Унија
Француската пратеничка Лилиана Танги од редовите на Републиката во движење на претседателското мнозинство, по потекло е од Македонија, во интервју за МИА зборува за европските перспективи на нашата држава и француската позиција
„Кога страста е придружена со љубопитност, храброст и креативност, тогаш сте на пат кон земјата на чудата – место од кое не ќе сакате да се вратите никогаш“
По овие избори би требало да се направи обид за еден политички консензус во однос на концептот техничка влада
Дали Народната банка, како и претходните години, и оваа година останува на одржување на ценовната стабилност, односно дали денарот ќе биде стабилен?
Ако не ги средиме состојбите во правосудството и ако конечно не завладее правото, бизнисот ќе го изнесе капиталот надвор, ќе регистрира компании во Прешево, Сандански, Солун...
Вештачката интелигенција, како што вели, е веројатно новиот клучен збор, не само во организациите за заштита на податоците туку и во поширокото општество
И покрај тоа што најдобрата работа што ја направи оваа власт беше решавањето на големите национални прашања, односно ставање во рамка на сите национални прашања што ја тиштеа државата во последниве три децении, сепак особено потфрли во делот на испорачување на правдата, изјави Љупчо Петковски
Вработувањата и формалното започнување со работа западнаа во лавиринтите на бирократијата, но замирисаа и зачините од партиските кујни. Новиот в.д. директор најавува претстава и формирање на ансамблот
Разбираме дека сигналот кој што беше даден е многу негативен и не сакаме тоа да предизвика реакција против Франција и против нејзиниот став, но таа порака треба да биде сфатена дека не станува збор за негативна активност кон Македонија
Наместо да ја преземе палката за влијание и притисок и да ја искористи првата можност што ѝ се даде за да застане зад нашата земја, Грција, за жал, само немо го следеше Самитот во Брисел, вели министерот за локална самоуправа и претседател на ЛДП, Горан Милевски
Министерот говори и за процесот на ресоцијализација и дерадикализација на тие лица откако ќе се вратат во државата и признава дека во затворите, кои се еден од главните извори на насилни екстремни идеологии, не се прави доволно во овој поглед
Д-р Виолета Бучковска е офталмолог и медицински директор на очната болница „Деница“. Својата кариера ја започнала на Клиниката за очни болести пред повеќе од дваесетина години
По последната лидерска средба немало официјална комуникација на ниво на претседатели на партии помеѓу него и претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, а лидерска е можна ако претходно се постигне приближување во ставовите на двете страни
Велика Британија ја поддржува евроатлантската интеграција на Северна Македонија и се надева дека Европскиот совет на самитот во октомври на земјата ќе и даде датумот за почеток на преговорите за членство во ЕУ, вели британската амбасадорка во Скопје
Професор Величковска, долги години сте со Фестивалот, го изучувате изворниот мелос. Вие сте на теренот секоја година во селекцијата на изведувачите низ цела држава на изворните инструменти и песни
Црквата-мајка го разгледува секој случај во духот на љубовта и единството, секогаш имајќи ги на ум духовната полза и спасението на верните.
Од оваа година 5 мај е Ден на македонскиот јазик во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија од 1945-та за усвојување на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо и озаконувањето на првиот правопис со што беше кодифициран македонскиот јазик
По две години од претходното гостување на Скопскиот филмски фестивал, познатата српска актерка Мирјана Карановиќ повторно дојде за отворање на неговото 22 издание
Николчо Стоилков е роден во 1985 година. Живеe во Ново Село. Татко е на две деца. Mагистер е на правни науки, а правен факултет завршил на Факултетот за правни науки „Јустинијан Први“. Претседател е на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Ново Село, работи во Царинската управа
За Преспанскиот договор, тој рече дека е историско достигнување и една од ретките добри вести во таков поларизиран свет што придонесува за регионалната стабилност
Таа е хероина, жена-борец за правата на ромската зедница во Македонија. Од пред два дена ја носи европската титула на непозната хериона – Ромка активистка. Заедно со уште 13 жени од седум земји од соседството, Несиме Салиоска од Прилеп е добитник на првата награда од двете жени-активистки од Македонија кои во Брисел беа прогласени за „непознати хероини“
Медиумската саморегулација и медиумската писменост се алатките во борбата против дезинформациите познати како лажни вести. На пропагандата и сензационализмот, да се спротиставиме со квалитет и професионално новинарство, порачува претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски во интервју за МИА.
Пoлитичките партии се дел од парламентот каде што се донесуваат законите и имаат одговорност да ги почитуваат зaконите што самите ги изгласале. Така најлесно ќе излеземе на правиот пат, а ДКСК ќе работи согласно надлежностите утврдени со закон.
Дваесет отсто од светската популација вечерва ќе ја испрати старата и ќе ја пречека кинеската Нова година. Вечерва се слави кинеската Нова година, што претставува најважниот празник за Кина и за кинеските граѓани и оние во земјата и оние кои се раселени на сите континенти во светот.
Владата на Алексис Ципрас на гласањето доверба во средата „преживеа“ откако 151. решавачки и пресуден глас го доби од пратеникот Спирос Данелис.
Смета дека во дадените околности со Договорот од Преспа е постигнато најдоброто за Македонија, секако и за Грција, направен е баланс. Договорот е најдоброто можно решение за двете страни и ако се помести балансот за да биде подобар за едната или за другата страна, немало да има договор, туку национални позиции.
Одливот на инженерскиот кадар, признавањето на овластувањата на инженерите, најавената нова регулатива во градежништвото, урбанизмот и просторното уредување, решенијата за намалување на загадувањето, се темите на кои разговаравме со Миле Димитровски, претседател на Комората на овластени архитекти и и инженери.
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, во интервју за МИА во Брисел за преземањето на претседателството со РЕСПА (Регионална школа за јавна администрација), говори за реформата во јавната администрација како еден од трите клучни услови за добивање датум за преговори со ЕУ.
Најголемата музичка ѕвезда на овие простори и миленик на сите генерации Здравко Чолиќ по четири годишна пауза на 10 и 17 ноември ќе одржи два големи коцерта во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Легендарниот Чола е едно од ретките имиња на поранешната југословенска естрада, кое во своите 40 години солистичка кариера опстојува со речиси ненамалена популарност.
Традиционално, секоја година, Бугарската телеграфска агенција (БТА) на различни локации низ Бугарија, регионот и светот организира средба на бугарските новинари. Годинава „среќниот добитник“ за нивната средба е македонскиот главен град.
Преспанскиот Договор е уникатна прилика за помирување и затворање на дводеценискиот спор помеѓу Скопје и Атина и оваа прилика може да не се повтори веќе, порачува високата претставничка за безбедносна инадворешна политика на Европската унија, Федерика Могерини во интервју за МИА.
Претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за МИА ги повикува граѓаните во недела да го поддржат референдумот. Вели дека очекува мирен ден и смета дека изборните органи професионално ќе си ја завршат работата.
Неделава потпишавте договор со Европската инвестициска банка (ЕИБ) за 100 милиони евтини кредити за мали и средни претпријатија. Кога и како компаниите ќе можат да аплицираат за овие средства?
Новинарката Даниела Трпчевска, чија вест беше првата што МИА ја објави на 30 септември 1998 година, во интервју по повод 20 години од работењето на агенцијата се осврна на случувањата „некогаш и денес“.
Поранешниот генерален директор за проширување на Европската Комисија, Пјер Мирел, во интервју за МИА објаснува дека Македонија требаше да биде одвоена од Албанија за доделувањето датум за старт на преговори и вели дека жали поради одлуката на Франција да го одложи овој процес.
Проблемот со прекумерниот излов на риба од Охридското Езеро е повеќедецениски, но истиот е особено изразен последните години. Научната фела тоа го знае, но стопанисувањето со рибниот фонд во езерото не е во нејзин домен.
Го почнавте седумгодишниот мандат на гувернер, а доаѓате од позиција вицегувернер, дали може да се очекува промена на монетарната политика во наредниот период и дали НБРМ ќе остане на основната цел задржување на стабилниот курс на денарот?
НАТО веќе има донесено одлука дека Македонија ќе добие покана за членство, откако ќе го реши спорот за името со Грција и таа одлука е донесена на Самитот во Букурешт во 2008 година, а сега откако договорот е постигнат поканата ќе пристигне кога ќе биде финализиран во двете земји.
Се вративте од Годишните средби на Европската банка за обнова и развој. Најавивте повеќе крупни капитални проекти како и инвестициски грантови за повеќето од нив. Од каде интересот на меѓународните инвестициски банки за доделување неповратни средства?
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Робертсон е лидерот на новоформираната неформална „Група Охрид“ за поддршка на Република Македонија на нејзиниот пат кон членство во НАТО и ЕУ.
-Навистина сум задоволен, мислам дека Македонија заслужува јасна поддршка, и крајно време е после толку години, падови и успони, да се продолжи по патот кој беше планиран пред многу години.
Пармаковска за МИА зборува зошто го избира романот како форма на творечко изразување, за „одбројувањето“ пред да се донесат важни одлуки, за себе како писател, но и како читател...