Мислам дека уредувањето нема некоја вистинска традиција во нашата книжевност. Моето лично сознание ми вели дека нештата се обратнопропорционални: колку авторите се подобри, толку се поотворени за промени и корекции; колку се послаби – толку се посуетни и поригидни за какво било вмешување, дури и мислење за нивниот текст.
Иако политичката соработка меѓу Македонија и Србија е стабилна, без ниту едно отворено прашање, економските односи се уште не го достигнуваат целосниот потенцијал.
Во овој момент се потребни повеќе помош околу сместувањето, згрижувањето, негувањето на настраданите, организирање на превоз, сместување на самите семејства да бидат поблиску до нивните.
Од аспект на евроинтеграциите, Папа нагласува дека постои геополитички моментум што земјите од Западен Балкан треба да го искористат бидејќи, како што посочува, можеби постои некаква волја кај членките на ЕУ.
Европската Унија е вистинскиот пат, Обединетото Кралство иако повеќе не е дел од Унијата, сепак дава силна и континуирана поддршка за евроинтегрирањето на земјата, а секое дополнително одлагања им дава простор на другите, особено на Русија
Сметам дека приватниот сектор игра исклучително важна улога во напредокот на регионот, но и дека ги менува животите на луѓето. Не сум сигурен дека некоја дипломатска конференција би направила разлика во овој момент.
Одлуката за распределба на средствата за финансирање на инфраструктурни проекти во општините не е политичка.
Една од најважните новини во Актот, кој ќе се применува од денес, како што вели во интервјуто, се ограничувањата и временските рокови за судиите и претседателот на Судот во постапката по предметите.
Според неа, предизвикот да се учествува на ОИ е огромен, имајќи ја предвид конкуренцијата и желбата на останатите земји да освојат висок пласман.
Дисциплина, посветеност, одговорност и талент се клучни за успехот на една оперска певица, вели оперската дива Весна Гиновска - Илкова. За неа операта е емоција, а уметникот треба да мотивира, стимулира, пренесува и да гради мостови.
Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски во интервју за МИА вели дека претстојните претседателски (24 април) и парламентарни избори (8 мај) ќе бидат успешно спроведени и оти очекува тие да поминат во демократска атмосфера
Раководителката на Канцеларијата на UN Women во Македонија, Весна Ивановиќ Кастаред во интервју за МИА нагласува дека непрепознавањето на формите на насилство води кон нивно непријавување.
Всушност веќе вчера беше издаден Извештајот на Меѓународниот институт за печат во којшто се дава еден преглед на состојбата со медиумите.
Можеби во занес министерот (Кренар Лога) мисли дека ако ги информира осудените лица предмет на овој закон, па им ветува таму...
Новоинсталираните 420 мегавати, како што вели, се еквивалент на две термоелектрани Неготино. Институциите во државата со тоа покажале дека се способни да овозможат изградба на нови 600 мегавати производни капацитети за само две години.
За да ја зголемиме филмската продукција, како што потенцира Новотни во интервјуто, потребни се повеќе финансиски средства, поголема транспарентност за проектите коишто ќе се работат, а кастинзите треба да бидат јавни, за секој да добие можност да се докаже.
Младата и талентирана Леонида Гроздановска минатиот викенд на коњички турнир во Солун го освои првото место.
Од минатата година на овој Универзитет веќе има неколку акредитирани програми на англиски јазик, а речиси сите факултети работат на нови студиски програми на англиски јазик.
ВМРО- ДПМНЕ покажа конструктивност, која власта нема капацитет да ја валоризира. Времето ќе покаже што значел нашиот предлог, вели Мицкоски
Малиот Ајдин ќе биде гостин во Крива Паланка на 23 и 24 мај, каде што заедно со неговиот ментор ќе одржат два концерти, а воедно тоа ќе биде и негов прв настап надвор од БиХ.
Во извештаите на Европската комисија редовно се укажува на ниското ниво на спроведување на законите што го оневозможува напредувањето во реформите кои се многу значајни за евро-интегративниот процес.
Со 16 победи од исто толку натпревари во домашното првенство екипата на Макпетрол стана државен шампион во куглање по рекорден 22-ри пат.
Началникот на Одделението за кардиологија, Сашко Николов во интервју за МИА вели дека со осум кардиолози, 23 медицински сестри, двајца болничари и една хигиеничарка опслужуваат пациенти од два региони во земјава
За уставните измени, кои се неопходни за земјава да оди во следната фаза на пристапување во ЕУ, вели дека остануваат суверена одлука што треба да ја донесе Македонија
Професорот истакнува дека патот од идеја до реализација на градбата е долг и минува низ поголем број лица и институции, а надзорниот инжењер има исклучително важна и многу одговорна улога во обезбедувањето на потребниот квалитет на градбата
Деспотовски нагласува дека годинава ја почнуваме со нова инвестиција од Северна Америка, што ќе биде лоцирана во ТИРЗ Штип и ќе донесе близу 2 000 нови работни места, а почетокот на производството е планирано за крајот на 2023 година
Токму за овие впечатоци и атмосферата во тимот, МИА разговараше со селекторот на женската ракометна репрезентација, Љубомир Савевски.
Претседателката на ДОМ бара да се овозможи топланите во Скопје зимава да работат само на гас за да не се дозволи градот, кој и онака е на листата на загадени градови, да биде уште позагаден, а граѓаните да се соочуваат со здравствени проблеми.
Регионалната соработка не е мит, туку наша реалност. Тоа е нашиот начин да обезбедиме место под чадорот на ЕУ
Со ограничување на маржите би требало да бидат опфатени и производителите на базичните производи за да може мерката да го даде својот ефект, вели во интервју за МИА Димитар Николоски, професор од Економскиот факултет во Прилеп и експерт по пазар на трудот
Универзитетите во земјава мора да размислуваат за интернационализација, да ги прилагодуваат своите студиски програми на современите текови
Денес имаме нова геополитичка ситуација и мислам дека сите сме свесни дека Западен Балкан треба да биде во ЕУ
Македонската опозиција смета дека е неприфатлив францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарите.
Патувањето на велосипед беше голем предизвик, прошетав дванаесет земји, а низ моето патешествие најтешко ми падна осаменоста, вака Коста Митрески во разговор за МИА започна да ја раскажува својата приказна за неговото патување низ Европа, кое траело цели триесет дена.
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, како еден од првите формирани регионални центри во Република Македонија, годинава слави 14 години од своето работење.
Ситуацијата во Европа денес наложува членството во Европската Унија да претставува безбедносен гарант
Според неа, шокот генериран од руската окупација на Украина има потенцијал да му нанесе значаен удар на долгоочекуваното закрепнување по пандемијата
Во пресрет на најавениот генерален штрајк на СОНК в понеделник, Шаќири кажува дека за три години платите на наставниците се зголемени за над 21 процент – во апсолутен износ од 4.000 денари за наставник со 10 години стаж
Со инвестиција од 7,5 милиони евра ќе биде обновена пистата на Меѓународниот аеродром Скопје
Екипата на ТФТ е најпријатното изненадување во досегашниот дел од сезоната. Маалскиот клуб од Тафталиџе прераснува во значаен фактор во мак-баскетот
Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, прифати да одговори на неколку прашања за МИА по неговата прва работна посета на Брисел, седиштето на ЕУ и НАТО, каде тој оствари средби со челниците на овие две организации
Предизвиците наметнати од пандемијата, енергетската криза, одливот на стручен кадар се само дел од тешкотиите со кои се соочуваат странските компании во земјава
Посочува дека е свесен сум за перцепцијата во јавноста оти Обвинителството е под влијание на политиката и определени моќници, но, како што додава, цело време се залага и уверен е дека обвинителите сами ги носат своите одлуки без надворешни влијанија.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски порачува дека како регулатор нема да лицитираат со цената на електричната енергија што ќе ја плаќаат потрошувачите на регулираниот пазар по 1 јануари се додека не ги направат потребните анализи
Пандемијата го забави и влијае врз ритамот на фолклорните друштва и ансамбли, првите месеци од пандемијата ја задушија иницијативноста и креативноста, и за жал опасноста демнее до состојба на исчезнување на некои културно уметнички друштва, вели во интервју за МИА м-р Валентин Соклевски, етнолог и истражувач од Битола
Интегрално интервју на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски од денешниот број на www.vecernji.hr кое беше реализирано на почетокот на оваа недела.
Судскиот совет ќе одреди три суда во кои ќе се спроведува Методологијата со индикатори за утврдување сложеност на предмети
Потребна е понатамошна поддршка, особено за малите и средните компании, за да се спречи затворањето на бизнисите и губењето на работните места и да им се помогне да ги зајакнат своите капацитети и да се прилагодат на новите околности предизвикани од пандемијата
Нашата професија никогаш не мирува со иновации и ако сакаме да сме секогаш во чекор со останатиот вински свет, мораме да го следиме винскиот ритам или да бидеме пред другите со некои нови вински стилови, како што е ова златно медово вино или gold honey wine.
Тетарот со неговата бесмртност и безвременост дава и обврски. Треба да го разбереме како еден брод, кој гордо плови по театарските ширини. Затоа, нашиот однос треба да биде одговорен, дали секогаш заслужуваме билет за тој брод и колку чини тој билет
Постапката за јавна набавка на терминали за вчитување на отпечатои од прсти, што првпат треба да се користат на локалните избори, е во тек. Вчера се отворени понудите
Македонија спроведе бројни реформи, од кои некои навистина беа и болни. Затоа сметаме дека Македонија заслужува отворање преговори колку што е можно побрзо
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), ќе ги преземе сите механизми кои и се на располагање, можеби ќе излезе и од своите законски надлежности пропишани во Законот за енергетика и нема да дозволи зголемување на цената на електрична енергија, вели претседателот на РКЕ Марко Бислимоски
Со население од 23 милиони, и само единаесет мртви од почетокот на пандемијата со Ковид-19, Тајван се смета за една од најуспешните, ако не и најуспешната земја во светот во справувањето со кризата
Потенцира дека засега се раководат според постоечкиот оперативен план и дека доколку се донесе одлука за одложување поради ковид пандемијата ќе ги почитуваат сите одлуки, кои, како што вели, не се на Државниот завод за статистика.
Инспекторите се на терен. Растрчани сме секаде. Правиме и редовни и вонредни надзори и нивната комбинација дава резултат
Сакам да испратам силна порака дека европската перспектива, перспективата на пристапување на Западен Балкан, вклучително и на Македонија, е јасна и неспорна.
Пандемијата, младите, внатрешната состојба на Православните цркви, украинскиот „трн“, врските со Московската патријаршија и триесетгодишнината од денот на неговото искачување на престолот на Архиепископот на Константинопол, Нов Рим и Вселенски Патријарх, која се навршува во 2021
Италија се бори со сите сили во Советот на министри што е можно побрзо да се усвои преговарачката рамка за Македонија, посакува надминување на моменталната блокада, која настана по бугарското вето и апелира на здрав разум до сите
Директорката на Академијата за судии и јавни обвинитеи Наташа Габер Дамјановска во интервју за МИА вели дека право на полагање на приемниот испит ќе имаат само оние кои ги исполниле условите предвидени со Законот за Академијата, а се наведени во јавниот оглас.
Врз основа на согласност на ЕУ и на претставниците на државите од Југоисточна Европа, Регионалниот управен комитет на 6 јули одлучи да го назначи Словенецот Матеј Закоњшек за прв директор, а Македонката Љуба Силјаноска за заменик директор на Постојаниот секретаријат на Транспортната зедница на ЈИЕ
Довербата што постојано ја добиваме од нашите корисници ни говори дека во А1 гледаат доверлив партнер за сите услуги кои им се ставени на располагање и нивното секојдневие го прават уште поквалитетно и поедноставно
Банкарскиот систем е и останува стабилен и сигурен, порачаа од Народна банка. Во изјава, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, повторно ја истакнува оваа порак
Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски на два дена пред почетокот на тридневното гласање за предвремените парламентарни избори на 15 јули за МИА оценува дека Комисијата направила максимални напори да се организираат безбедни и транспаретни избори
Секој од чинителите на изборите има своја одговорност и доколку не се почитуваат мерките за заштита на здравјето и протоколите, ќе настане хаос и што е, исто така, важно во целиот овој процес, политичарите да нема кој да ги гласа, а ние како граѓани да не излеземе да гласаме
Државниот завод за статистика денеска одбележува 75-годишен јубилеј. По тој повод разговаравме со директорот на ДЗС, Апостол Симовски за македонската статистика, предизвиците низ годините и новите пристапи во прибирањето, обработката и дисеминацијата на статистичките податоци
Позитивната динамика којашто се воспостави со чинот на потпишувањето на Договорот за пријателство впо 2017-та и која продолжи со Договорот од Преспа, овозможи да се дојде до едногласната одлука на земјите – членки за отпочнување на преговорите за пристапување кон Унијата
Бројот на невработените лица кои согласно законските прописи се евидентираат во Агенцијата за вработување, во изминатите месеци март и април бележи зголемување, што беше и очекувано, со оглед на целокупната состојба во светот предизвикана од пандемијата на вирусот COVID 19, но се надевам дека во најскоро време ќе се стабилизира целокупната состојба и ќе се вратат во нормален тек сите активности
За растот на економијата годинава посочува дека во Министерството за финансии се следи ситуацијата, се подготвуваат новите проекции, кои, како што рече, согласно првичните прелиминарни проценки се во линија со проекциите на Меѓународниот монетарен фонд.
„Нулта пациент“ е медицински израз кој е резултат на недоразбирање. Еден од првите жртви на СИДА во Северна Америка во некои документи, за да се задржи анонимноста, бил наведен како „Пациент О“.
Крајно време е Европската Унија да возврати со кредибилитет и веродостојна политика кон Западен Балкан и на оние потези кои ги презедоа во последно време Владите и на Албанија и на Македонија
Крајно време е да се донесе одлуката за започнување на пристапните преговори со Македонија. Новата методологија го поедноставува и го прави процесот потранспарентен, не покомплексен.
Мора да ги почитувате законските прописи и стандардите за да бидете дел од европскиот пазар.
Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски рече дека иако не се уште распишани, Комисијата се подготвува за предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 12 април.
Ова се однесува и на секоја евентуална промена – на фармата, стопанството, бројот на добиток, хектари површина, вид култура. Би апелирал, да не се остава да поминува време, туку што поскоро да се ажурираат сите промени.
Во 2020 година Македонија ќе стане полноправна членка на НАТО. За нас, комплетирањето на техничкиот процес за полноправно членство во Алијансата, последната ратификација од страна на шпанскиот парламент е приоритет, иако тоа не зависи директно од нас.
Либерализацијата на воздушниот простор и креирањето квалитетни законски рамки во билатералната соработка со голем број европски земји ја отвораат можноста за постојан влез на нови воздушни превозници на македонскиот пазар.
Димитрија Алексов има 90 години и сè уште работи во Старата скопска чаршија како опинчар
Македонскиот народен театар в понеделник на малата сцена премиерно ќе ја изведе претставата „Најкратки драми на светот“ во режија на Трајче Ѓоргиев
Според неа, овие приоритетни области претставуваат насока за националните и локални заложби на владините тела, граѓанските организации, бизнисите и државите од цел свет, со цел нивно исполнување до 2030 година
Помош во имплементација на новиот Закон за правна помош, зајакнување на капацитетите на Антикорупциската комисија и финансовата полиција, обука на раководствата и персоналот на затворите, а прв пат и активности во делот на антидискриминацијата, се дел од областите кои ќе бидат опфатени со „Хоризонталниот инструмент“ на Советот на Европа и на ЕУ за 2019 – 2022 во нашата земја, за што се изводени четири милиони евра
Едноставниот начин да се реши корупцијата со која се соочуваат превозниците на границите е да се решат условите што водат кон корупција.
Да се вратиме на културните настани за „Бела ноќ“. Се заборава дека „Белата ноќ“ е генерално измислен настан каде што граѓаните ќе можат да посетат одредени културни институции и манифестации што немаат можност да ги посетат во некој друг период од годината
Хари Вејд е егзекутор кој штотуку ја загубил професијата бесач и останал без работа откако во Обединетото Кралство е укината смртната казнa
Можноста да се прават промени. Тоа е клучниот мотив поради кој Нина Ангеловска ја прифатила понудата да биде министерка за финансии.
Нов пазарен концепт на финансирање на помалите компании што се соочуваат со хроничен недостаток и потежок пристап до финансии е crowdfunding што го нуди Берзата, а кој според главниот извршен директор Иван Штериев се отвора нова страница во финансиските навики.
„Централата“ на НАТО за два дена, во недела и понеделник ќе се пресели во Скопје. Тоа покажува дека го заземаме нашето заслужено место како идна 30-та земја членка на Алијансата.
Словенија прва од земјите членки на НАТО назначи офицер жена за водач на армијата. Генерал-мајор Аленка Ерменц е началник на Генералштабот на словенечките вооружени сили.
Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Деркоски, ги повика сите учесници на изборите да обезбедат фер и демократски изборен процес, со почитување на Уставот и законите
Резултатот од локалните избори во 2017 година, кога јас како кандидат за градоначалник добив голем број гласови од моите сограѓани морално ме обврзува и затоа одлучив повторно да се пријавам за градоначалник на Oпштина Дебар
Словенечкиот европратеник во заминување и известувач за Македонија во Европскиот Парламент, Иво Вајгл, во интервју за МИА говори за македонската успешна приказна во Европа, за Преспанскиот договор и проширувањето, за СЈО, претседателските избори и опасноста од бојкот….
Процесот на доделување договори за јавни набавки е транспарентен. Но, со новиот закон што стапува на 1 април се зголемува транспарентноста, оценува директорот на Бирото за јавни набавки, Бардул Насуфи
Серани Сигел, која се занимава со родови прашања во ОБСЕ и која учествуваше во изготвувањето на последниот извештај на организацијата за насилството врз жените во земјите од Западниот Балкан, Молдавија и Украина, во интервју за МИА ги повикува македонските власти да ги направат потребните измени во кривичниот законик за препознавање на силувањето во рамките на бракот, согласно заложбите од Истанбулската Конвенција.
Француската министерка за европски прашања Натали Лоазо во пресрет на нејзината посета на нашата земја најавена за 26 февруари, даде изнтервју за МИА во кое говори за поддршката на Франција на нашите евроатлански цели, за ставот во однос на проширувањето на ЕУ, важноста од спроведување на клучните реформски приоритети и за француската поддршка на тој план.
Jавното обвинителство има капацитет да постапува по сите предмети, иако не располага со ресурсите што ги има Специјалното јавно обвинителство во делот на материјално финансиската состојба и кадровска пополнетост, вели во интервју за МИА Бодан Лазаревски, јавниот обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија – координатор за односи со јавноста во јавните обвинителства.
Ловецот на лажни вести кој ја откри кумановската мрежа, Мартен Схенк, во интервју со дописничката на МИА во Брисел, раскажува како успеал да ги пронајде членовите. Тој вели дека не станува збор за организиран бизнис од страна на Русија, туку дека Русите опортунистички ги користат лажните вест кои се појавуваат.
Театарот бара жртвување, но пред сè бара самоуверување. Тоа значи дека мора да бидете подготвени да се жртвувате себеси за театарот ако сакате да дојдете до резултатите.
Ангеловска се наоѓа на листата на 100 успешни жени основачи на стартапи во Европа, што ја состави еминентниот германски магазин The Hundert, a потоа беше ставена на Forbes листата на триесет најдобри и најветувачки претприемачи на ниво на Европа.
Процесот околу имплементација на Договорот од Преспа, се чини, ќе биде успешен, а позитивни се и сигналите за тоа во Грција. Ако Македонија ги исполни сите барања, ќе изгледа многу лошо за Грција ако таа не ги исполни своите обврски
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој е во посета на Брисел за средба со комесарот Хан и земјите членки на ЕУ, во разговор за МИА вели дека Преспанскиот Договор носи поголема етничка инклузивност и дека членството во НАТО е најважното етничко прашање за албанската заедница.
Случајот „Мајчин дом“ или почетокот на градбата на деветкатницата во скопски Аеродром прекуноќ ја сензибилизира атмосферата во оваа најголема скопска општина според бројот на жители. Граѓаните го кренаа својот глас за градбата во паркот кај „Мајчин дом“, општината веднаш „крена рачна“, иако инвеститорот тврди дека располага со сите потребни документи и дозволи за градба.
Собранието ја има историската можност и историската одговорност да ја отвори вратата на Македонија за членство во НАТО, вели во интервју за МИА вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска која го предводи македонскиот тим кој денеска и утре во Бисел официјално ги почнува пристапните преговори за членство на Македонија во Северноатлантската алијанса.
Извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов во интервју за МИА истакнува дека граѓанската асоцијација ќе го набљудува гласањето со околу 1.500 набљудувачи со што ќе бидат покриени околу 33 отсто од гласачките места во Република Македонија, како и 33 отсто на ниво на секоја општина.
Претстојниот референдум претставува одлучувачки патоказ за натамошниот пат на земјата кон ЕУ, но сепак Македонците се тие кои треба сами да одлучат во која насока ќе се движат, вели шефот на германската дипломатија Хајко Мас во интервју за МИА непосредно пред неговата денешна посета на Македонија.
За претстојниот референдум и прилината за посетите на Македонија на неколку видни европски премиери и дипломати, за патот кон ЕУ и НАТО, а посебно за „домашните задачи“ што стојат пред нас на тој пат, во кусо интервју за МИА говори австриската амбасадорка во нашата земја Ренате Коблер.
Пред нас е уште едно издание на Струшките вечери на поезијата. Навикнати сме секоја година да гледаме нови содржини, публиката го очекува тоа, но поради кратењето на буџетот за една третина тоа нема да биде возможно. Како ќе и го објасните ова на публиката, на гостите?
Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс по деветти пат ќе се одржува од 16-ти до 23 август во Куршумли ан, на платото пред Музејот на Македонија и во Музејот на современа уметност во Скопје. Како и во изминатите осум изданија, МакеДокс ќе биде пресек на најновото и најкреативното во документарната кинематографија, по избор на селекторката на фестивалот Петра Селишкар.
Ракхманин зборува и за климатските промени и производството на храна, укажува на потребата од иновации и дигитализација, од совремнена опрема и квалитетни советодавни услуги за земјоделците.
МИА побара мислења и ставови од сите поранешни премиери на Република Македонија во врска со договорот со Грција и процесот на решавање на двеиполдеценискиот спор за името. Се обративме до Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски, Хари Костов, Владо Бучковски, Никола Груевски и Емил Димитриев.
Југословенско драмско позориште (ЈДП) со две изведби на претставата „Ајнштајновите соништа“ во режија на Слободан Унковски гостува во Македонскиот народен театар.
Сакаме да развиваме туризам, а елементарните работи не ни се решени. Ѓубре на сите страни, несоодветно рангирање на објектите, недоволно капацитети за попатно застанување посебно на транзитните гости, немање лиценци за туристички водичи,...
Се наоѓаме во најдобриот момент од 1995, а еден чесен и функционален договор може само корист да им донесе на народите на двете земји, вели во интервју за МИА, Никос Ксидакис, пратеник и портпарол на пратеничката група на владејачката СИРИЗА.
Зборуваме сите за реформи во судството, за правната држава. Транспарентноста може многу полесно да се постигне преку дигитализацијата.